Поранешниот фудбалер на Лидс, Тони Дориго изјави дека клубот има лоши резултати поради тоа што си замина македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Алиоски играше за Лидс четири сезони и беше еден од омилените фудбалери за навивачите, но за жал Марсело Биелса го загуби македонскиот репрезентативец, па сега Дориго вели дека на премиерлигашот му недостига одличниот лев бек.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Алиоски е еден од фудбалерите кои значеше премногу за тимот и навивачите. Некогаш некои фудбалери не се доволно почитувани, а сите го сфаќаат тоа кога ќе си заминат. Така беше и со Алиоски. Тој даваше максимум на теренот за оваа екипа и тоа му помагаше за добри резултати“, вели Дориго.