Дома Фудбал Останаа и без Левандовски: Чави со еден куп проблеми и тоа во најлош можен момент!

Останаа и без Левандовски: Чави со еден куп проблеми и тоа во најлош можен момент!

Фудбалерите на Барселона вчера можеа да имаат +10 на врвот во Ла Лига, но Алмерија ги изненади, па Реал по ова коло во Шпанија ќе биде одалечен седум бода од Каталонците.

Меѓутоа освен поразот од Алмерија, Барселона доби и нови лоши вести, а тоа е повреда на Роберт Левандовски. Полјакот се повредил во овој натпревар и го чека пауза од околу две недели.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повредата за Левандовски доаѓа во најлош можен момент, Барса во четврток гостува во Мадрид, а потоа дома ќе игра против Валенсија. Против Валенсија, Чави нема да ги има ниту суспендираните Рафиња и Феран Торес. Потоа следи гостување кај Атлетик Билбао на 12-ти март.

Во Барселона се надеваат дека Левандовски ќе се опорави до „Ел Класико“ кое се игра на 12-ти март. Ако Левандовски не биде спремен, Чави ќе биде во проблем затоа што до тогаш ќе биде и без Педри и Дембеле.

Накратко, Барселона во Мадрид ќе биде без Левандовски, Дембеле и Педри, а против Валенсија ќе ги нема уште Рафиња и Гави…Сето ова доаѓа кога Каталонците зад себе имаат два врзани порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: УЕФА донела одлука со која ќе ги израдува сите селектори на Европското првенство

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе им дозволи на селекторите да повикаат 26 наместо 23 и…