Поранешниот акционер во Арсенал, Алишер Усманов, најверојатно ќе инвестира во премиерлигашот Евертон, затоа што сака да му помогне на својот пријател Фарад Мошири.
Усманот, осмиот најбогат човек во Русија, минатата недела реши да ги продаде 30% од ацкиите во Арсенал на ривалот Стан Кроенке.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога ги купив акциите во Арсенал верував дека фудбалските брендови може да направат профит. Тоа и се случува. Ние сме пријатели со Мошири. Ако му треба помош, јас ќе му помогнам“, кажа Усманов.
Исто така, постои можност Усманов да реши да инвестира во некој клуб во Германија и италија, но засега најголем фаворит за неговите пари е токму Евертон.
Умсанов го заработи своето богатство во металната индустрија и телекомуникации, па во моментов има богатство во вредност од 11 билиони фунти.
Поранешниот акционер во Арсенал помина 11 години кај „топчиите“ пред да решид а ги продаде акциите на Американецот Кроенке во контроверен потег кој ги налути навивачите на лондонскиот гигант.