Дома Останати Кошарка НБА Осман го предводеше Кливленд до победа, Леброн се радуваше против Харден (ВИДЕО)

Осман го предводеше Кливленд до победа, Леброн се радуваше против Харден (ВИДЕО)

osman

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа шест натпревари.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс на свој паркет славеа против Хјустон со 111:106 и на тој начин направија важен чекор во задржувањето на шансите кога во прашање е борбата за плеј-оф.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хјустон подобро влезе во натпреварот и после првата четвртина имаше предност од 32:22. Лејкерси вториот период го добија со 30:26, а отпорот на противникот го скршија дури во последната четвртина која ја добија со 12 поени разлика (28:16).

Домаќините до победата ги предводеше фантастичниот Леброн Џејмс кој имаше учинок од 29 поени, 11 скокови и шест асистенции. Одличен беше и Брендон Инграм кој додаде 27 поени и 13 скокови. Кај Хјустон Харден уфрли 30 поени, а Крис Пол додаде 23 и запиша 10 скока.

Во натпреварот на двата многу слаби тимови оваа сезона Кливленд славеше против Феникс со 111:98, а најдобар во победничкиот тим беше „Охриѓанецот“ Чеди Осман кој уфрли 19 поени. Кај гостите Букер и Оубер уфрлија по 30 поени.

Филаделфија без Џоел Ембид го победи Мајами со 106:102. Камерунскиот центар добро го замени Бобан Марјановиќ кој оствари учинок од 19 поени и 12 скокови. Поефикасни од него беа само Харис и Симонс со 23, односно 21 поен.

Милвоки во уште едно дерби го победи Бостон со 98:97, а Јанис Андетокоумпо уфрли 30 поени и запиша 13 скока. Кај гостите Ирвинг имаше 22 поени, но промаши шут за победа.

Голден Стејт во возбудлив натпревар славеа против Сакраменто Кингс со 125:123. Најефикасен во нивните редови беше Стеф Кари со дури 36 поени, додека Кевин Дурант додаде 28. Кај Сакраменто најефикасен беше Марвинг Багли со 28 поени и 14 скока.

https://youtu.be/N5t6s3NJDL4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…