Дома Македонски спорт Мак ракомет Ослабениот Е.Пелистер не издржа против Ним, прв пораз после четири месеци

Ослабениот Е.Пелистер не издржа против Ним, прв пораз после четири месеци

Eкипата на Еуфорам Пелистер иако ослабена со неиграње на повеќе важни играчи прикажа добра игра против Ним на гостински терен, а на крајот битолчани дома се враќаат со пораз од 25:23.

Натпреварот го одлучуваа нијанси, а овој пораз Еурофарм Пелистер го остави на три разлика од лидерот во групата. После изедначениот почеток (3:3), пелистерци дојдоа до предност од два гола 5:3, имаа предност од три гола (8:5). Но, од тој момент домаќините започнаа да играат подобро и го вратија водството. Тоа водство го одржуваа до крајот на првиот дел и на полувреме заминаа со предност од 13:12.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Почетокот на вториот дел донесе добро отварање на Е.Пелистер па македонскиот претставник дојде до предност од 16:14. Сепак, од тука следуваше нова криза на Е.Пелистер и добра игра на домаќините кои се вратија во водство и го одржуваа до крајот.

Дека Ним ќе го добие натпреварот започна д астанува јасно на пет минути пред крајот на натпреварот кога Ним водеше сое 23:20. На крајот конечниот резултат гласеше 25:23.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РФМ вети идентични премии за машката и женската репрезентација

На дешената седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе о…