Неколку пати челниците на ПСЖ се обидоа да и стават на јавноста ладни облоги на челот, со уверувањето дека Нејмар кај нив не пристигнал поради парите, туку поради проектот чија крајна цел е освојувањето на ЛШ. Самите проценете колку се во право…
Особено по истражувањето на „Ле Паризиен“ кој дојде до податоците дека во текот на престојот, доколку Нејмар ја освои Златната топка, ќе биде побогат за точно 3 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа е бонус на кој се обврзаа „Светците“ во случај во било која година од договорот нивниот најплатен играч, стане и најдобар на светот. Кога со Барселона ја освои ЛШ беше трети, изминатата сезона заврши на петтата позиција, а ниту оваа година не му се даваат значителни шанси. Во предност сепак се, Кристијано Роналдо и Лео Меси.
„Тоа се трите фудбалски вонземјани, Роналдо, Нејмар и Меси. На крајот сепак, Португалецот е пред останатите“, вели Франческо Тоти, легендарниот фудбалер на Рома, кој сега е на функцијата директор на римскиот клуб.
Во случај да ја освои Златната топка било кога до 2022. година, додека му трае договорот со ПСЖ, Нејмар ќе заработи 3 милиони евра, што е всушност неговата месечна плата кога ќе му се одбие данокот. Со оглед на тоа дека оваа сезона не е фаворит , следната би можел да биде, особено што неспоредливо игра и за националниот состав, а Бразил на секој Мундијал, па и на претстојниот во Русија, се наоѓа во кругот на фаворити за освојување на трофејот.
Секако пехарите со ПСЖ се подразбираат.
„Ќе дадам се од себе да му помогнам на Нејмар да ја освои Златната топка. Би сакал нешто такво да се случи, бидејќи тоа би го сметал и за свој успех“, истакна Килијан Мбапе, соиграчот на Нејмар во дресот на францускиот клуб.
За потсетување, Нејмар оваа сезона во девет натпревари за ПСЖ, постигна осум и асистираше за седум погодоци.