Дома Фудбал Англија Освен Џака, Арсенал го напушта и Лаказет

Освен Џака, Арсенал го напушта и Лаказет

Во Арсенал, како што стојат работите, вистинска чистка би можела да се случи во јануарскиот рок.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поточно, со доаѓањето на Артета како тренер, многу играчи се незадоволни од оваа одлука на управата и можат да ја сменат својата средина.

Првиот кој ќе се збогува со соиграчите е Џака, кој наскоро ќе стане нов играч на Херте.

Овој трансфер ќе му донесе Арсенал помеѓу 30 и 35 милиони евра, а како што наведува Орнштајн, се е веќе договорено меѓу двата клуба.

После Џака, вториот играч што ќе го напушти Арсенал е Лаказет, а причината за неговото заминување е затоа што тој поминува малку време на теренот.

Обамејанг беше секогаш прв избор, додека на Лаказет најмногу му беше давана шанса да влезе од клупата. Исто така, една од причините е лошата игра на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан донесува засилување од Баерн и тоа како слободен играч

Италијанскиот клуб Милан е на прагот да го комплетира трансферот на средниот играч на Баер…