Дома Фудбал Репрезентации Освен пред полни трибини Австрија и Македонија ќе играат и пред скаути на големи клубови

Освен пред полни трибини Австрија и Македонија ќе играат и пред скаути на големи клубови

Вечерва од 20:45 часот Македонија на гостински терен ќе игра против Австрија.

На Австријците им е потребен само бод во преостанатите два натпревари со нас и со Израел за да го обезбедат пласманот на Европското првенство. Австриските медиуми објавија дека за вечерашниот натпревар продадени се околу 40.000 билети од вкупно 48.000 колку што има капацитет „Ернст Хапел“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Освен што овој натпревар ќе се одигра пред скоро полни трибини ќе биде следен и од бројни скаути на европски клубови како: Келн, Фиорентина, Манчестер Сити, Депортиво Ла Коруња, Аталанта, Вулверхемптон… Оваа информација беше објавена во неколку австриски медиуми и засега не е позната причина кои фудбалери привлекуваат посебно внимание.

Инаку нашите шанси за пласман на ЕП се само теоретски бидејќи дури и вечерва да славиме на Австрија ќе биде потребен само бод против Летонија во последното коло. Сепак, не е дека немаме за што да играме, ќе се обидеме да завршиме трети што би било наш најдобар пласман во едни квалифиакции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…