Дома Останати Тенис Осака и Вилијамс за титула на УС Опен

Осака и Вилијамс за титула на УС Опен

Американката Серена Вилијамс и Јапонката Наоми Осака ќе се борат за титулата на УС Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И двете тенисерки лесно дојдоа до големото финале и нивните противници немаа премногу шанси да слават во овој натпревар.

Серена со 2:0, по сетови 6;3 и 6:0 ја победи Анастасија Севастова, па 37 годишната Американка ќе има шанса да дојде до седмиот наслов на УС Опен.

Прв пат оваа титула ја освои пред 19 години и ова е доказ дека Серена е една од најголемите тенисерки на сите времиња.

Од друга страна во финалето ќе ја има јапонската тенисерка Наоми Осака која ја победи Мадисон Киз со 2:0 (6:2, 6:4) и стана првата тенисерка Јапонка која ќе игра финале на Гренд Слем турнир.

Осака го одигра веројатно најдобриот натпревар во кариерата, спаси дури 13 брејк топки и на крајот заслужено се пласира во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе ги памети овие зборови од Надал до крајот на животот

Ривалството помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал е едно од најголемите во историјата на тен…