Дома Топ вести Операција „Кутињо“ – Барса продава „половина“ тим и веќе во јануари тргнува по бразилската ѕвезда!?

Операција „Кутињо“ – Барса продава „половина“ тим и веќе во јануари тргнува по бразилската ѕвезда!?

Заминувањето на Нејмар од Барселона очекувано остави голема празнина во тимот.

Иако Лионел Меси изјави дека тимот без Нејмар изгледа одлично, јасно е дека на Барселона ќе биде потребен фудбалер на неговата позиција. Осман Дембеле по малку изгледаше како изнудено решение, платен беше 105 милиони евра и доведен како големо засилување, но всушност прва желба на Барселона беше Фелипе Кутињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците испратија понуда од 130 милиони евра, меѓутоа Ливерпул ја одби понудата, но Барселона не се откажува и веќе подготвува нов напад на одличниот Бразилец. Доведувањето на Кутињо веројатно ќе биде приоритет за Барселона во зимскиот преоден рок. Пари Барса има и за трансфер и за плати, но финансискиот фер плеј е она со кое Барселона не сака ништо да ризикува.

Веќе еднаш беа суспендирани, па оваа зима имаат намера да ја исчистат соблекувалната пред да го доведат Кутињо. Според пишувањето на „Мундо Депортиво“ од Барселона се надеваат дека во наредниот месец ќе се ослобдат од дури петмина фудбалери.

На оваа листа се: Хавиер Маскерано, Алекс Видал, Рафиња и Жерар Делофеу. Заминувањето на Маскерано веќе е сигурно, за Делофеу интерес покажува Наполи, Рафиња од поодамна побара трансфер, а Видал и Туран се фудбалери на кој Валверде не смета.

Доколку Барселона успее да се ослободи од овие фудбалери би ослободила и голем дел од финансиските средства за доведување на Кутињо, но тоа е само првиот дел од задачата.

Кутињо минатото лето јасно зборуваше дека сака да замине од Барселона и беше бесен што Ливерпул ги одбиваше понудите.

Кога сезоната започна Бразилецот не беше во тимот поради наводната повреда, иако јасно беше дека Клоп не сака да има незадоволен фудбалер во својот тим. Сепак, како што одминуваше времето Кутињо попушти и се врати во тимот па до овој момент на 14 настапи постигна девет погодоци и запиша седум асистенции.

Колкава сума Ливерпул ќе бара сеуште не е познато. Наводно, најголемата понуда на Барселона минатата сезона изнесувала 180 милиони евра, иако Ливерпул ова го демантираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…