Дома Фудбал „Она што Роналдо е за Јувентус, тоа е Пандев за Џенова“

„Она што Роналдо е за Јувентус, тоа е Пандев за Џенова“

Горан Пандев вчера уште еднаш одигра важна улога во тимот на Џенова.

Пандев влезе од клупата за резерви и го најави враќањето на Џенова која од 0:2 стигна до 2:2 против Удинезе. Македонскиот капитен беше стрелец на голот за намалување на водството.

Пандев погоди од околу 18 метри и тоа со десната нога. Од неговиот настап воодушевен беше италијанскиот новинар Сандро Сабатини кој значењето на Пандев за Џенова го спореди со она на Роналдо за Јувентус.

„Пандев е шампион, тој го менува текот на играта. Пандев за Џенова е тоа што Роналдо е за Јувентус“, изјави Сабатини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе чека подолго? Јилдиз би можел да заигра дури во 2027 година

Закрепнувањето на Кенан Јилдиз оди побавно од планираното, а според „Ла Стампа“, неговиот …