Дома Останати Кошарка „Ол Стар“: Познати натпреварувачите во забивање и шутирање тројки!

„Ол Стар“: Познати натпреварувачите во забивање и шутирање тројки!

Канцеларијата на НБА лигата соопшти дека се познати имињата на играчите кои на „Ол Стар“ натпреварот ќе се натпреваруваат во шутирање на тројки и во забивање.

Клеј Томпсон од Голден Стејт ќе ја брани титулата во шутирање на тројки, а конкуренти ќе му бидат Кајри Ирвинг од Кливленд, Кајл Лаури од Торонто, бекот на Шарлот Кемба Вокер, Ник Јанг од ЛА Лејкерс, односно играчите на Хјустон, Далас и Портланд: Ерик Городн, Весли Метјус и Си Џеј Макалум.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На овој натпревар го нема рекордерот според бројот на постигнати тројки во една сезона Стеф Кари, кој на минатогодишниот Ол Стар во Торонто, во финалето загуби од клупскиот колега Томпсон.

Арон Гордон од Орландо ќе биде најголемиот фаворит за победа во натпреварот во забивање. Гордон, лани неправедно загуби од Зек Левин, кој две години ја освојува титулата во ова натпреварување нема да учествува оваа година.

Покрај Городн во натпреварот во забивање ќе учествуваат Диандре Џордан (ЛА Клиперс), Дерик Џонс Џуниор (Феникс) и Глен Робинсон (Индијана).

„Ол Стар“ викендот ќе се одржи од 17-ти до 19-ти февруари во Њу Орлеанс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Фјури со тешки обвинувања: Усик победи затоа што Украина е во војна

Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон …