Леброн Џејмс го избра довчерашниот соиграч Кајри Ирвинг за еден од соиграчите на претстојниот НБА Ол-стар.
Ирвинг минатото лето го напушти Кливленд и премина во Бостон со цел да побегне од „сенката“ на Џејмс, па оваа одлука на „кралот“ Кајри да биде во неговиот тим ја изненади НБА јавноста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа година за прв пат нема да гледаме традиционален натпревар помеѓу Западот и Истокуот туку кошаркарите со најмногу гласови од двете конференции, Џејмс и Стеф Кари.
Tимот на Леброн: Кајри Ирвинг, Ентони Дејвис, Демаркус Казинс, Кевин Дурант, Расел Вестбрук, Виктор Оладипо, Кристап Порзингис, Џон Вол, Кевин Лав, Лемаркус Олдриџ, Брендли Бил.
Тимот на Кари: Џејмс Хсрден, Демар Дерожан, Јанис Адетокумбо, Џоел Ембид, Кајл Лаури, Клеј Томпсон, Карл Ентони Таунс, Ал Хорофорд, Дрејмонд Грин, Џими Батлер, Демијан Лилард.
Ол-стар викендот на програмата е 16-18 февруари во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.