Дома Останати Кошарка НБА Оклахома го понижи Голден Стејт, Лејкерси фаќаат ритам, Дончиќ одличен во поразот на Далас (ВИДЕО)

Оклахома го понижи Голден Стејт, Лејкерси фаќаат ритам, Дончиќ одличен во поразот на Далас (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер на свој паркет го совлада Голден Стејт со високи 120:92.

Домаќинот од самиот старт влезе подобро во натпревароти  после првата четвртина имаа предност од 35:20. Во втората четвртина предноста на Оклахома само растеше и на полувреме заинаа со дури 70:37 во корист на овој тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Третата четвртина не донесе голема некаква промена. Оклахома само ја зголемуваше својата предност која во некои моменти изнесуваше и 41 пеон, а во последната четвртина се влезе со резултат 105:68.

Во четвртата четвртина домаќините направија многу промени и одиграа нешто по опуштен па Голден Стејт успеа да намали на конечни 120:92 со што Оклахома стигна до првата победа сезонава.

Денис Шордер ја предводеше Оклахома со 22 поени, го следеше Данило Галинари со 21, додека Шаи Гилгеоус додаде 19 поени. Стеф Кари беше најефикасен кај Вориорси со 23 поен, а сите останати беа далеку зад него па така Грин, Маркес и Паскал кои уфрлија по 10 беа најблиску.

Портланд му го нанесе првиот пораз на Далас оваа сезона. После две победи, Далас на домашен терен изгуби од Портланд со 119:121.

Лука Дончиќ и овој пат беше одличен дојде на чекор од трипл-дабл со учинок од 29 поени, 12 скокови и девет асистенции, Порзингис го заврши натпреварот со 32 поени, 9 скокови и 4 асистенции. Најефикасен на мечот беше Меколум од Портланд со 35 поени, 6 скока и 4 асистенции.

Лејкерси немаа проблеми во дуелот против Шарлот со победата од 120:101, иако Хорнетс делуваа доста разиграно на стартот од средбата. Езерџиите реализираа 33 поени во последната четвртина, кога ја изградија двоцифрената предност, а Дејвис со ефикасните 29 поени и 14 скока беше предводникот до вториот триумф во низа.

И Леброн Џејмс запиша дабл-дабл со 20 поени и 12 асистенции, а перфектна партија одигра искусниот Хауард реализирајќи ги сите осум обиди од игра, па со 16 поени, 10 скока и четири блокади беше исто така клучен за конечниот исход во корист на Лејкерс. Бриџес со 23 поени беше најсветлата точка од редовите на Шарлот.

Mемфис во интересен натпревар после продолженија беше подобаро д Бруклин. На свој терен победа запиша и Минесота против Мајами со 116:109

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…