Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил изјави дека е разочаран што ја нема довербата кај тренерот Унаи Емери, но не планира да го напушти клубот.
Озил против Ватфорд го одигра последниот натпевар, а после тоа Емери комплетно го исклучи од тимот, па медиумите на Островот шпекулираат дека Германецот сигурно ќе го напушти клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имам договор до јуни 2021 година и до тогаш планирам да бидам дел од Арсенал. Внимателно размислив за се, можеби во моментов поминувам низ тежок период, но тоа не е причина да заминам“.
„Факт е дека не учествувам на натпреварите и дека своите соиграчи ги гледам од дома, а тоа ме прави да се чувствувам бескорисен. Сакам да бидам дел од тимот, спремен сум да играм. Јас секогаш спрема тренерите покажувам почит, исто е и со Емери“, изјави Озил.