Дома Фудбал Англија Озил е зависник од видео игри: Пред компјутер дневно поминува – пет часа!?

Озил е зависник од видео игри: Пред компјутер дневно поминува – пет часа!?

ozil

Aрсенал игра навистина одлично и подобро од очекуваното, Унаи Емери за краток период успеа да постави темели за нов Арсенал кој не е поврзан со оној на Венгер и да им пронајде нови улоги на големиот број фудбалери.

Еден од ретките кој кај Емери не напредуваше е Месут Озил. Вториот најплатен играч во Премиер лигата е се помалку важен во играта на Арсенал, а излгеда дека Емери не би имал ништо против тој да си замине.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Озил во овој момент е надвор од терените повеќе од еден месец и прашање е кога повторно ќе заигра. Тренерот Емери неодамна им одговори на новинарите дека Озил се опоравува и не знае кога ќе се врати.

Во овој период додека трае низата од 20 натпревари без пораз на Арсенал, Озил ужива во видео игрите. И не само што ужива туку е целосно и опседнат. Во прашање е мега популарната игра „Фортнајт“, а на интерент лесно може да се провери ккој играч колку време троши играјќи ја оваа игра.

Островските медиуми така открија дека Озил одигра 5.221 партии во одреден период и дека дневно во просек играјќи „Фортнајт“ поминува – пет часа!

Германските медиуми дури и разговараа со реномирани доктори како ова може да влијае на Озил и добија одговор дека во прашање е зависност. Освен тоа пет часа играње дневно може да влијае на неговото опоравување и враќање на терен и дека неговата повреда на грбот би можела да се влоши од толку седење.

Сега е јасно и зошто Емери нема преголеми очекувања од враќањето на Озил. Истовремено Германецот на својата сметка си добива 350.000 фунти неделно, годишно 20 милиони евра…Неговиот договор со Арсенал има важност до 2021 година.

Во овој момент повеќе платен во Премиер лигата од Озил е само Алексис Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неочекувани проблеми за Баерн. Новиот тренер мора да го купат за 15 милиони евра

Австрискиот тренер Ралф Рангник (65) е главен кандидат за преземање на Баерн. Томас Тухел …