Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев може да воздивне – Месул Озил ќе биде спремен за Светското првенство.
Озил подолго време влечи повреда на грбот и игра со болки, па вчера англиските медиуми пренесоа дека за него сезоната е завршена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Озил денес потврди дека нема причина за загриженост, бидејќи со сигурност ќе биде спремен за Мундијалот следниот месец.
„Жал ми е што го пропуштив мечот со Барнли поради повреда. Сепак, ми треба малку време да се посветам на рехабилитацијата за да бидам спремен за Светското првенство. Сигурен сум дека за Мундијалот ќе бидам 100% спремен“, се огласи Озил на социјалните мрежи.
Германија на Светското првенство ќе игра во Групата Ф заедно со Мексико, Јужна Кореја и Шведска.