Дома Фудбал Италија Од Јувентус жестоко ги критикуваа навивачите на Каљари: На ова треба да се стави крај

Од Јувентус жестоко ги критикуваа навивачите на Каљари: На ова треба да се стави крај

Натпреварот помеѓу Каљари и Јувентус синоќа го одбележаа расистичките испади на домашните навивачи кои ги навредуваа играчите на „старата дама“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По вториот гол на Јувентус домашните навивачи упатија расистички навреди кон Моис Кин и Блас Матуиди, што уште еднаш ја згрози италијанската и европската јавност.

Пјаниќ по мечот рече дека неговите играчи се разочарани, особено Матуиди кој веќе втора година по ред во Сардинија слуша расистички навреди.

„Кин и Матуиди се разочарани. Ова е втора година како Матуиди доаѓа во Сардинија и се случува ваква сцена. На тоа треба да се стави крај и луѓето кои имаат моќ да одлучуваат и имаат право на глас мора да направат нешто. Момците се тажни, мора да се стави крај на расизмот“, рече Пјаниќ.

Домашните навивачи добија остри критики и од тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, а нема сомнеж дека Каљари ќе биде жестоко казнети за ваквото однесување на нивните навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…