Дома Фудбал Лига на шампиони Од Црвена Звезда објаснија зошто влезниците за натпреварите во ЛШ се поскапи од минатата сезона

Од Црвена Звезда објаснија зошто влезниците за натпреварите во ЛШ се поскапи од минатата сезона

Црвена Звезда се пласираше во Лигата на шампионите втора година во низа и повторно навивачите на „Маракана“ ќе имаат прилика да гледаат три спектакли (Олимпијакос, Тотенхем, Баерн Минхен).

Оваа година навивачите на Звезда мора да платат поголема сума за разлика од минатата година за натпреварите во ЛШ. Минатата година пакетот за север беше 7.500 динари (3750 денари), а оваа година пакетот изнесува 12.000 динари (6.000 денари).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српски „Телеграф“ се обратил до Звезда за покачувањето на цените не влезниците – еве што одговориле од Звезда.

„Лигата на шампионите претставува врвот на светскиот фудбал. Ценатата на влезниците е формирана брз база на тоа да се наградата навивачите кои истовремено се сопственици на сезонски карти и кои имаат 50% попуст. Треба да се има предвид дека средствата кои клубот ќе ги добие делумно ќе ги искористи за реновирање на стадионот и просторот околу него“, гласи одговорот на Звезда.

Според кои критериуми се воделе кога ги зголемиле цените?

„Првиот критериум е побарувачката за карти за претходните натпревари во изминатата сезона. Вториот фактор кој влијаеше е бројните критики кои ги добивме на сметка на пренеиските цена влезници во минатото. Како што споменав, Звезда има убедливо најевтини сезонски влезници од сите клубови во ЛШ. Некој кој ја обновил сезонската влезница за север платил 2500 динари (1250 денари) и за таа сума ќе има прилика да гледа три европски квалификациони натпревари бесплатно во, во плеј-офот имал загаранитирано место, а сега за нешто повеќе од 15 евра ќе може да ја гледа Лига на шампиони. Да не зборуваме за 19 натпревари од Супер лигата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ракитиќ му се закани на Модриќ: Ако го направиш тоа ќе си имаш работа со мене

Се уште не е познато каде ќе игра Лука Модриќ следната сезона, но неговиот сонародник Иван…