Дома Македонски спорт Мак фудбал Од Фенербахче едногласни: Сакаме предност уште по првиот натпревар

Од Фенербахче едногласни: Сакаме предност уште по првиот натпревар

Турскиот тим Фенербахче ја одржа прес-конференцијата пред дуелот со Вардар во плеј-офот за Лига Европа. Турците се фаворити, но велат дека имаат почит кон Вардар, а стратегот Ајкут Кочаман изрази задоволство и што Елиф Елмас е со тимот, иако нема право на настап додека не наполни 18 години.

-Нашата цел е јасна, сакаме да се пласираме во групната фаза од Лига Европа. На хартија сме фаворити, но мора тоа да го докажеме и на терен. Се уште не знам со кој состав ќе настапам утре,-изјави стратегот на Фенербахче.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новото засилување Солдадо ќе биде на располагање, иако првично планирал да му даде мала шанса, тренерот Кочман поради повреда на Робин Ван Перси, ќе му овозможи поголема минутажа на напаѓачот.

-Фактот што Ван Перси е повреден ќе биди причина да му дадам поголема минутажа на Солдадо, кој се уште не е адаптиран на новите соиграчи,- додаде Кочаман.

Стратегот Кочаман го прокоментира и заминувањето на Гоце Седлоски. Ја анализирале неговата игра со Малме и Копенхаген, па иако не знае кој ќе ги предводи „црвено-црните“, не верува дека може да има драстична промена околу начинот на игра.

Алпер Потук е еден од главните играчи на Фенербахче и од него ќе се очекува многу. Тој порача дека има голема почит кон противникот.

-Го анализиравме Вардар, имаме почит кон нив, но ние се надеваме да забележиме успех уште во првиот натпревар. Нашата цел е резултатска предност уште од првиот натпревар,- изјави фудбалерот на Фенербахче, Алпер Потук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…