Спортскиот директор на Рома, Мончи призна дека се кае поради начинот на кој минатото лето го пушти Мохамед Салах во Ливерпул.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неверојатниот Египќанец игра феномалено во дресот на клубот од „Енфилд“ кој Салах го доведе за сума од 42 милиони евра што во денешниот фудбал е навистина мала сума за таков фудбалер.
„Искрено, не постапивме добро при продажбата на Салах. Неговото останување во Рома не беше опција, но и покрај тоа можевме многу повеќе да заработиме. Состојбата на трансфер пазарот многу се промени после рекордните трансферите на Нејмар и Мбапе“, порача Мончи.
Рома за утеха и останува заработката од бонусите од кои ќе добие осум милиони евра, па трансферот на Салах ќе изнесува 50 милиони евра.