Фудбалерите и управата на Пари Сен Жермен не можат да се помират со поразот од Реал Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на шампионите (3:1).
Иако беа подредени во поголемиот дел од натпреварот актуелниот шампион на Европа носи два гола предност на реваншот во Париз.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тренерот на Пари Сен Жермен, Унаи Емери беше разочаран од судењето во Мадрид.
„Разочаран сум од резултатот, но задоволен сум од ставот и пристапот на екипата. Во првиот дел беше изедначено, први стигнавме до водство, а потоа тие изедначија од сомнителен пенал. Не ми се допадна судењето, многу одлуки беа во нивна корист. Ние не добивме пенал кога Рамос играше со рака“, изјави стратегот на ПСЖ.
Ниту претседателот на клубот Насер Ал Келаифи не штедеше критики за судењето.
„Се уште не сум разговарал со фудбалерите, но сите сме тажни, игравме добро во второто полувреме, а можеме да разговараме и за судијата. Два жолти картони им прости на фудбалерите на Реал, а на Мбапе без потреба му беше досуден офсајд. Против екипа каква што е Реал тоа многу влијае. Не кажувам дека изгубивме поради тоа, но секако имаше големо влијание“, зборуваше Ал Келаифи.