Дома Фудбал Италија Од Милан се жалат: Јувентус со помош на судиите стигна до трофејот – нудат и докази (ФОТО+ВИДЕО)

Од Милан се жалат: Јувентус со помош на судиите стигна до трофејот – нудат и докази (ФОТО+ВИДЕО)

milan

Екипата на Јувентус вчера во Саудиска Арабија со голот на Роналдо го сруши Милан и го осовои осмиот „Суперкуп“ во својата историја.

После натпреварот од Милан се жалат дека судијата Лука Банти нема ист критериум.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сомнителна беше позицијата на Роналдо при постигнувањето на погодокот, но сепак повторените снимки покажаа дека Роналдо е во дозволена позиција. Раката на Роналдо е неколку милеметри понапред од играчот на Милан, но сепак таа не се смета во оваа ситуација. Тука со сигурност Лука Бнати донесе исправна одлука.

„Росонерите“ се жалат на ситуацијата во 33-тата минута кога беше досуден офсајд на Патрик Кутроне кој го немаше. Во Милано потенцираат дека не е им јасно како судијата може да досуди офсајд кога не е сигурен, а го има ВАР. Судиите имаат јасни инструкции кога не се сигурни да ја проверат ситуацијата на ВАР снимките откако акцијата ќе заврши, вака таа ситуација не може да се врати.

Потоа се жалат затоа што Блез Матуиди за жестокиот старт на Калабрија не доби ниту жолт картон.

Тие сметаат дека ако Франк Кеси заслужил црвен картон, тогаш и Матуиди во таа ситуација заслужил жолт картон.

„За најмали контакти добивавме жолти картони. Критериумот не беше ист, не можев ниту да разговарам со судијата иако се обидував. Ова се е навистина иритантно“. Изјави капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…