Дома Фудбал Италија Од Милан после потрошени 194 милиони признаа: Да, погрешивме!

Од Милан после потрошени 194 милиони признаа: Да, погрешивме!

„Росонерите“ изминатото лето сметаа дека го пронајдоа патот до европскиот врв, но тоа не се случи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму големиот број нови фудбалери веројатно е причината за лошите резултати на Милан во домашното првенство, смета директорот на клубот Марко Фасоне.

Милан изминатото лето потроши точно 194 милиони евра на 11 нови фудбалери, а помеѓу нив се Леонардо Бонучи, Никола Калиниќ, Андре Силва и Хакан Чалханоглу.

„Постојат некои работи кои од оваа гледна точка сега не би ги направиле и јасно е дека погрешивме, не мислам на фудбалерите. Да, некои од нив играат под своите квалитети, но невозможно е Бонучи и Биља да не се вратат на нивото од минатата сезона“.

„Дали доведовме премногу фудбалери? Можеби, да. Направивме многу процеки, а на крајот спортскиот директор Мирабели и Монтела ми кажаа дека сакаат да направат големи промени. Ни беше јасно дека тешко можеме да создадеме силен тим во првите неколку месеци“, изјави Фасоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …