Репрезентацијата на Косово денес ќе пристигне во Скопје за утрешниот натпревар против Македонија кој ќе се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ во 20:45 часот.
Косово има проблеми пред овој натпревар и ќе биде без најважните фудбалери. Тие остана без капитенот Амир Рахмани, Милош Рашица и Ведат Муричи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во косовската репрезентација не се предаваат и покрај големио хендикеп и најавуваат победа.
„Добро знаеме каков натпревар играме и колку е важен за нас. Ова најважниот натпревар за нашата земја. Тоа што цело време се зборува кој нема да игра не е добро, сите што сме во репрезентацијата имаме квалитет. Нормално дека секој кој го нема ќе недостига, меѓутоа тие што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ова ќе биде натпревар со мнгоу емоции на кој и тие и ние ќе дадеме се од себе за победа“, изјави Алити.