После 11 години Ливерпул повторно игра едно финале во Лигата на шампионите, против Реал Мадрид на 26 мај во Киев.
Според она што го гледавме во досегашниот дел од сезоната за оваа средба очекувано е во стартниот тим место да добие Ендрју Робертсон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Робертсон во Ливерпул пристигна минатото лето и тоа беше трансферот на кариерата за овој фудбалер, а медиумите успеаа да „ископаат“ еден интересен негов Твит пред шест години.
Во тоа време тој имаше 18 години и настапуваше за клубот од третата Лига во Шкотска Квинс Парк ФК (не оној од Англија). Робертсон во тоа време изгледа се соочувал со одредени проблеми па напишал:
„Животот без пари во овие години е навистина сра*е“, со хаштаг „ми треба работа“.
life at this age is rubbish with no money #needajob
— Andrew Robertson (@andrewrobertso5) August 18, 2012