Дома Фудбал Репрезентации Од голгетер вреден 60 милиони евра дојде до тоа за него да нема место и во Србија

Од голгетер вреден 60 милиони евра дојде до тоа за него да нема место и во Србија

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ не се најде на списокот на селекторот на Србија Љубиша Тумбаковиќ за претстојните натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Србија ја очекува важен натпревар против Литванија во рамките од квалификациите за Европското првенство, а потоа ќе игра пријателски натпревар против Парагвај.

Меѓутоа играчот на Реал Мадрид нема да настапи на овие натпревари со оглед на тоа дека многу се мачи оваа сезона и не е во вистинската форма.

Јовиќ минатата сезона играше одлично за Ајнтрахт Франкфурт и на 48 натпревари постигна дури 27 голови, а ова лето потпиша за Реал.

Сепак, со доаѓањето во Мадрид Јовиќ целосно се изгуби и на шест натпревари во Ла Лига не успеа да постигне ниту еден гол, а на три натпревари воопшто не влезе во игра, тоа беше случај и на последниот натпревар против Гранада.

Исто така Јовиќ на последните четири натпревари за Србија постигна само два гола и сето ова доведе до тоа да отпадне од комбинација за настап против Литванија и Парагвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ni 150 miliona nije sprečilo Barselonu

Barselona nije odustala od namere da ovo leto dovede Hulijana Alvaresa. Atletiko Madrid je…