Вицешампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер повторно се огласи за инцидентите во натпреварот против Вардар во Скопје изминатиот викенд.
Еурофарм Пелистер го загуби дербито со 31:24, но натпреварот беше обележан со многу инциденти на теренот предизвикани од навивачите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од битолскиот клуб испратија писмо до Ракометната федерација на Македонија во кое се наведуваат пропустите во „Јане Сандански“ и порачаа дека згрешиле што се вратиле на теренот.
Во новата реакција тие потенцираат и дека Вардар се уште не се оградил од однесувањето на навивачите, па затоа изразуваат сомнеж за некакво сценарио.
Фото: РК Вардар/Денис Дуковски