Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ во јануари скоро сигурно ќе ја напушти Барселона.
Ракитиќ неколку години беше стандарден првотимец во каталонскиот тим, но ова лето неочекувано тоа се промени и стана резервна опција и Ернесто Валверде му дава шанса само во финишот на натпреварите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хрватот не крие дека тоа тешко му паѓа, а недомана јавно зборуваше дека се чуствува како мало дете кое останало без својата омилена играчка. Како одговор на таа негова изјава се огласи спортскиот директор Ерик Абидал.
Абидал јасно кажа дека уште во текот на летото на Хрватот му било кажано дека клубот нема да смета на него.
„Како прво, на Ракитиќ на време му кажавме дека не сметаме на него. Му објаснивме дека тоа е тактичка и спортска одлука на клубот и треба да го разбере тоа. Ми изгледаше дека сфати, но ако треба не ми е проблем тоа да му го повторам. Не е коректно од негова страна што одговорноста ја префрла на Валверде. Него во текот на летото му беше кажано како стојат работите, меѓутоа тој и покрај тоа одлучи да остане“, изјави Абидал.