Дома Фудбал Англија Од Арсенал потврдуваат: Пауза за клучниот играч на „Топчиите“

Од Арсенал потврдуваат: Пауза за клучниот играч на „Топчиите“

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека Хенрик Михтаријан ќе го пропушти следниот натпревар, а можеби и следните неколкумина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ерменецот доживеа повреда против ЦСКА и ќе го пропушти мечот против Саутемптон во недела.

„Беше на преглед и има повреда на лигаментите и јасно е дека нема да биде подготвен за в недела. Колку ќе биде надвор од теренот, ќе знаеме по деталните прегледи. Но, првите реакции не се позитивни. Се плашам дека ќе бидат неколку недели, се надевам дека грешам“, истакна Венгер.

Арсенал го пречекува Саутепмтон, потоа гостува кај ЦСКА и Њукасл следниот викенд.

Доколку повредата е сериозна, секако ќе има влијание на шансите на Арсенал да се доближи до Лигата на шампионите низ ЛЕ, што е основна цел на оваа екипа до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо мисли дека ФИФА е „најкорумпираната“ организација на планетата

По брзото елиминирање од Светското првенство, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо од…