Дома Топ вести Одржан бил и последниот состанок: Икарди и Интер се договориле

Одржан бил и последниот состанок: Икарди и Интер се договориле

Иако Мауро Икарди одбива да го напушти Интер многу тешко ќе успее да остане во овој клуб и наредната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Антонио Конте беше јасен и има свој став, а тоа е дека за Икарди нема место во неговиот Интер.

Тренерот на Интер пред неколку дена го исфрли Икарди од „Ватс Ап“ групата каде што на играчите им ги соопштува термините на тренинзите и слично.

Во борба за неговиот потпис се вклучи и Валенсија, но Икарди беше јасен дека или ќе премине во Јувентус или ќе остане во Интер.

Џанлука Ди Марцио пренесува информација дека во текот на ноќта имало состанок помеѓу Ванда и претставници на Интер.

Наводно е договорено Икарди да го продолжи договорот со Интер, но да оди на позајмица и тој клуб да има право на негов откуп.

Дали Ди Марцио има точни информации ќе дознаеме во текот на денешниот ден бидејќи денес завршува летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…