Попладнево ждрепката во Нион сакаше Македонија ако го помине Косово во полуфиналето да игра на гостински терен.
Финалниот натпревар кој ќе биде натпревар за пласман на ЕП ќе се игра кај победникот од другото полуфинале (Белорусија – Грузија).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По одржувањето на ждрепката УЕФА ги одреди и термините за натпреварите.
Македонија и Косово ќе играат во 20:45 часот на претходно утврдениот датум, 26-ти марти.
Победниците од ова полуфинале и полуфиналето помеѓу Белорусија и Грузија ќе играат на 31-ви во Тблиси или Минск во 18:00 часот.