Претседателот на Примера, Хавиер Тебас потврди дека готово сигурно натпреварот помеѓу Барселона и Џирона ќе се одигра во САД во јануари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Првиот човек на Примера откри дека сопствениците на Џирона го убедиле каталонскиот клуб да ја разгледа опцијата за играње на натпреварот во САД.
„Готово е сигурно дека Барселона и Џирона ќе го играат првиот натпревар во Соединетите американски држави“, изјави Тебас.
„Ова идеја носи долгорочни предности. Не е целта само еден натпревар да се одигра во Америка, а се однесува на клубовите кои тоа го сакаат. Релевант како компанија ќе ги покрие сите трошоци за клубовите и играчите“, додаде Тебас.
Џирона објави соопштение во кое се наведува дека го прифаќа предлогот бидејќи во тоа гледа „одлична шанса за експанзија на клубот и градот“.