Дома Фудбал Одложен мечот Лацио – Милан: Еве кога ќе се одигра!

Одложен мечот Лацио – Милан: Еве кога ќе се одигра!

Поради големо невереме во италијанската престолнина, Италијанската федерација одлучи да го одложи мечот Лацио – Милан, но само за еден час.

Иако првично се најавуваше дека натпреварот нема да се одигра денес, сепак конечната одлука е да биде поместен само за 1 час.

Поради тоа натпреварот наместо во стандардниот термин од 15 часот, ќе се започне во 16 часот.

Теренот на „Олимпико“ е во добра состојба, а мечот е одложен поради безбедност на публиката, односно да може публиката да стигне на време до стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Риера бара пресврт во Звезда: Убавата игра не ги решава проблемите

Црвена звезда покажува напредок во играта, но резултатите сè уште не го следат. Дуелот со …