Дома Фудбал Англија Одложени сите спортски настани во Велика Британија

Одложени сите спортски настани во Велика Британија

Поради смртта на Кралицата Елизабета за денес се одложени сите спортски настани во Великја Британија.

96-годишната кралица почина во четвртокот вечерта, а први се огласија организаторите на трките со коњи кои веднаш беа откажани. Потоа беше откажан и вториот ден на турнирот во голф шампионатот ПГА кој требаше да се одржи во недела.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од англиската фудбалска лига одложени се натпреварот од Чемпионшип помеѓу Барнли и Норвич и натпреварот од Лига 2 меѓу Транмере и Стокпорт Каунти.

Одложувања има и во Шкотска па одложен е дуелот меѓу Ков Ренџерс и Данди. Нема да се одржи и шестиот ден од велосипедската трка околу Британија.

Засега нема донесено одлука за натпреварите од Премиер лигата кои се играат викендов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…