Дома Фудбал Репрезентации ОДЛИЧНО: Натпреварот против Ерменија ќе го гледаме со македонски коментатор!

ОДЛИЧНО: Натпреварот против Ерменија ќе го гледаме со македонски коментатор!

macedonia

Maкедонија вчера ја стартуваше Лигата на Нации и како и што се очекуваше забележавме рутинска победа од 0:2.

Сепак, како „црна дамка“ ќе остане тоа што натпреварот го следавме на „Спортклуб“, телевизијата која ги откупи правата за ова натпреварување и коментаторот беше на српски јазик.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Но, според информациите до кои дојде редакцијата на „Спорт1“, веќе од следниот натпревар кој го играме на домашен терен против Ерменија ќе ја гледаме Македонија со македонски коментатор!

Како што се наведува, ваквиот начин на пренесување на натпреварите на Македонија се очекува да продолжи и на наредните средби. Она што е посебно интересно е што не само во Македонија туку и во останатите држави каде што се следи овој канал натпреварот ќе биде пренесуван со македонски коментатор што секако е одлична вест.

Натпреварот против Ерменија Македонија ќе го игра во во недела со почеток од 18:00 часот на домашен терен во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…