Дома Македонски спорт Мак ракомет Одлични вести: Митревски е негативен на Ковид

Одлични вести: Митревски е негативен на Ковид

Одлични вести пристигнаа прес стартот на Европското првенство, Никола Митревски е негативен на Ковид!

Митревски, кој на последното од трите задолжителни тестирања беше позитивен на Ковид-19 и остана во Скопје, сега даде негативен тест и наскоро ќе му се приклучи на националниот тим.

Македонскиот репрезентативец, направил три-четири антигени брзи тестови и еден ПЦР тест каде што сите биле негативни. Останува ЕХФ да го реши случајот и порано да излезе од задолжителната изолација која почна на 10. јануари.

Тој дефинитивно го пропушта дуелот со Словенија, но доколку добие дозвола од ЕХФ веднаш би тргнал за Дебрецин, и може да биде во конкуренција за дуелот со Црна Гора во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Металург ја продолжува карате-традицијата со 43. меморијал за Грдановски

Меморијалот „Никола Грдановски – Нике“ в сабота ќе го има своето 43. издание во Автокоманд…