Египетскиот фудбалер Мохамед Салах се врати на тренинзите на Ливерпул.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Потсетуваме, Салах го пропушти натпреварот против Манчестер Јунајтед во неделата поради повредата која ја заработи на репрезентативната пауза. Сепак, сега се опорави и се врати на тренинзите и ќе патува со остатокот на екипата во Белгија за натпреварот против Генк во ЛШ, а Англичаните пренесуваат дека ќе биде дури и стартер.
Изгледа дека Салах целосно закрепна, а неговото присуство во првиот состав секако ќе ја зголеми димензијата на играта на Ливерпул кој е под императив да победи на гостувањето. „Црвените“ по два кола во групата Е имаат освоено три бода и се наоѓаат на 3. позиција.