Дома Македонски спорт Мак фудбал Одлични вести за Вардар пред натпреварот против Зенит во Лигата на Европа

Одлични вести за Вардар пред натпреварот против Зенит во Лигата на Европа

vardar

Во групата Л од Лигата на Европа, каде што настапува и нашиот Вардар, екипата на Зенит е прва со три победи и еден нерешен резултат, додека нашиот Вардар е последен со четири порази, но пристигнаа одлични вести за нашиот шампион пред натпреварот против рускиот гигант.

Имено, тренерот на Зенит, Роберто Манчини изјави дека неговата екипа ќе настапи со резервите против нашиот шампион.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сигурно дека ќе има измени. Не можам да кажам кои ќе бидат стартери, но сигурно дека ќе има повеќе од една измена. Ќе им дадам шанса на играчите кои помалку играат да го потврдат квалитетот против Вардар. Ќе видиме, но секако сакам победа“, изјави Манчини пред предпоследниот натпревар во групната фаза.

На сите ни е јасно дека рускиот тим е фаворит во дуелот, но фактот дека нема да брани голманот Анреј Лунев е од големо значење за нашиот тим и ова се одлични вести за Вардар пред утрешниот натпревар против силниот руски тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…