Дома Македонски спорт Мак фудбал Одлична соработка: Беласица ја покани Брегалница на прославата за 100 години постоење

Одлична соработка: Беласица ја покани Брегалница на прославата за 100 години постоење

Продлабочувајќи ја соработката меѓу двата клуба, ФК Брегалница во недела (31. јули) ќе биде специјален гостин на ФК Беласица на настанот преку кој ќе биде одбележана 100-годишнината од формирањето на струмичкиот клуб.

Целокупната дневна агенда во знак на   одбележување на јубилејот на Беласица, со   богати бројни забавни содржини, на крајот ќе   биде  заокружена од 19:45 часот со фудбалскиот   натпревар на стадионот „Благој Истатов“ во   Струмица меѓу Беласица и Брегалница.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 За „сините“, без сомнение, претставува огромна чест и задоволство што ќе бидат дел од јубилејот   на Беласица, верувајќи дека нашето гостување во Струмица ќе биде дополнето и со голем број   навивачи на Брегалница кои ќе присуствуваат на   натпреварот во недела во знак на поддршка на   својот клуб но и збогатување на целокупниот  спектакл.

 За составот на Илчо Ѓорѓиоски натпреварот со Беласица во недела ќе биде и генералка пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Форца 2015 е освојувачот на футсал Купот на Македонија

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот…