Дома Фудбал Одлична вест за Ливерпул пред дербито против Манчестер Сити

Одлична вест за Ливерпул пред дербито против Манчестер Сити

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах се опорави од повредата и од денес повторно тренира со своите соиграчи.

Салах порано од предвиденото се врати на терените во мечот против Брентфорд бидејќи се повредија Диого Жота и Дарвин Нунњез, но се покажа дека враќањето е избрзано и дека Египќанецот се уште има проблеми со повредата која ја заработи на Африканскиот Куп на Нации.

Враќањето на Салах доаѓа во одличен момент бидејќи Ливерпул викендов го чека големото дерби против Манчестер Сити.

Денес Салах започна со екипни тренинзи, што значи дека сигурно ќе биде подгтовен. Клоп за тој натпревар нема да може да смета на Алисон Бекер, Арнолд и Жота, како и од претходно повредените Тијаго, Матип и Стефан Бајчетиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри пред гостувањето кај Сити: И пораз нема да го отпише Наполи

Наполи оди во Манчестер со само три бода и без 11 првотимци, но Масимилијано Алегри смета …