Дома Фудбал Останато ОДЕКНА БОМБАТА: Мбапе продаден и официјално е втор најскап играч во историјата

ОДЕКНА БОМБАТА: Мбапе продаден и официјално е втор најскап играч во историјата

ПСЖ ги помести границите, го купи второто најскапо засилување во историјата. По Нејмар, на „Паркот на принцовите“ пристигнува и Килијан Мбапе, во трансфер тежок 180 милиони евра.

Радио Монте Карло, највпечатливиот медиум кога е во прашање францускиот фудбал и еден од најдобро известените извори во Европа, пред неколку минути ја пласираше веста дека е постигнат конечен договор помеѓу Монако и ПСЖ. Од клубот се уште нема официјална потврда, но Франција веќе на големо зборува за бомбата која се активираше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според последните информации, нема да има опција ПСЖ да испрати пати и еден играч во замена за Мбапе, ниту да го позајми младиот ас. Трансферот на крајот ќе биде завршен за 180 милиони евра на што Монако и инсистрираше.

Трансферот на Мбапе одма го отвора прашањето: Како ПСЖ ќе успее да ги испочитува правилата на финансиски фер-плеј, кога плати обештета од вкупна вредност на 402 милиони евра за Нејмар и Мбапе?

Богатите катарски споственици ја шокираа планетата ова лето со трансферите на Нејмар и Мбапе. Но, налутија и добар дел од спортската јавност, бидејќи со својата финансиска моќ ги преминуваат сите грацици и стануваат трн во окото на суперсилите, како Реал, Барселона, Баерн и останатите кои не можат да му парираат на францускиот клуб.

Се чека уште официјалната потврда, но никој не се сомнева дека веќе е реализиран вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ал Итихад потврди: Бензема поради една причина мораше да се врати во Мадрид

Познатиот француски фудбалер Карим Бензема итно се врати во Мадрид за да се лекува од повр…