Дома Фудбал Одбрана каква што има денес Реал немал три децении!

Одбрана каква што има денес Реал немал три децении!

Новата година Реал Мадрид ќе ја дочека на втората позиција во Примера со два бода зад лидерот и големиот ривал Барселона.

Сепак, секако дека до крајот на сезоната има уште многу (20 кола). Она од што во Реал можат да бидат посебно задоволни во досегашниот тек од сезоната е цврстата одбрана. Тимот на Зидан во во изминатите 18 кола прими само 12 гола и ја имаат втората најдобра одбрана во Ла Лига, зад Атлетико Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Само 12 примени гола Реал немал 31 година наназад уште од сезоната 1987/1988 кога голот на Реал го чуваа Франциско Бујо, Агустин Родригез и Хосе Мануел Очоторена.

Оваа сезона Реал осум пати ја зачувал чиста својата мрежата. Куртоа на седум натпревари и Ареола на еден.

Помалку голови во својата историја „кралевите“ примиле во сезоната 1961/62 и 1971/72 (11).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…