Барселона ќе биде без Роберт Левандовски во следните три кола во Примера, откако неговата суспензија беше потврдена по неуспешната жалба на каталонскиот клуб.
Да потсетиме, поради црвениот картон добиен на последниот меч пред паузата, Левандовски првично беше суспендиран на три натпревари, а потоа ден пред мечот со Еспањол суспензијата му беше привремено одложена додека Арбитражниот суд за спорт не направи конечна одлука.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барса ја искористи можноста за жалба за да му дозволи на Левандовски да игра против Еспањол минатиот викенд.
Шпанскиот административен спортски суд ја одби жалбата, па сега Левандовски нема да може да игра во следните три меча. Тоа значи дека ќе ги пропушти неделното дерби со Атлетико во Мадрид, а потоа и натпревцарите со Гетафе и Џирона.