Параолимпиецот, Џавад, знаеше како да дотури „сол на раната“ на Јирген Клоп.
Британскиот параолимпиец, Али Џавад, е хит на социјалните мрежи поради коментарот на сметка на Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Црвените“ изминатиот викенд беа поразени од Тотенхем со 4:1, одбраната на тимот на Клоп во овој натпревар изгледаше навистина комично.
Али Џавад е роден без нозе, но тој хендикеп шампионски го преживуваше, освои сребро на олимписките игри, европско и светско светско злато, но покажа и дека има сурова смисла за хумор. Иначе, тој се натпреварува во дигање тегови.
„Се колнам во Бог, би се бранел подобро од Ливерпул, иако немам нозе“, порача Џавад, по што започнаа лавина коментари на интернет.
I swear to god I can defend better than Liverpool and I have no legs ? #TOTLIV
— Ali Jawad (@AliJawad12) October 22, 2017