Дома Фудбал Англија Овие шест клуба во Англија не сакаат сезоната да продолжи?

Овие шест клуба во Англија не сакаат сезоната да продолжи?

Неодамна сите клубови во Премиер лигата официјално гласаа за продолжување на сезоната во најсилната англиска конкуренција.

Планот е натпреварите да се играат без публика и на неутрални терени така што ниту еден тим нема да има предност на домешен терен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа денес англиските медиуми пишуваат дека Брајтон, Вест Хем, Вотфорд, Борнмут, Астон Вила и Норвич тајно кројат план за саботажа, односно тие не сакаат да играат понатаму. Инаку, ова се шестте последнопласирани екипи во Премиер лигата.

За нив најдобро решение е лигата да се прошири, така што би влегле два клуба од Чемпионшип. Ако ова се реализира тогаш наредната сезона би требало од лигата да испаднат пет екипи.

Наводно овие шест клуб би прифатиле да ја доиграат сезоната само ако добијат гаранција дека испаѓање сезонава нема да има. Ќе потсетиме до крајот на првенството во Англија останаа уште 13 кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…