Дома Фудбал Останато Овие три клуба „ГАЗАТ“, а никој тоа не го очекуваше!

Овие три клуба „ГАЗАТ“, а никој тоа не го очекуваше!

valencia lion lacio

Mногумина кои го следат европскиот фудбал оваа сезона ќе кажат дека Манчестер Сити во овој момент е тимот со најдобра форма. Но, има и условно кажано помали клубови кои на стартот од сезоната забележуваат голем успех…

Манчестер Сити оваа сезона одигра 17 официјални натпревари, а победија на 16 од нив. Единствениот тим кој успеа да ги запре беше Евертон кој кон крајот на месец август одигра 1:1 на „Итихад“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио

Екипата на Лацио оваа сезона одигра 16 официјални натпревар, а од нив запишаа победи на 14, еднаш ремизираа и еднаш загубија. На последните 14 натпревари, Лацио забележа 13 победи и еден пораз, а во овој момент се во серија од девет победи во низа. Навистина фантастични бројки за овој тим.

Лион

Освен нив во одлична фрома се наоѓа и Лион. Како и Лацио тие оваа сезона запишаа само еден пораз, но за разлика од Лацио, тие сезоната ја стартуваа со неколку нерешени средби. Исто така одиграа 16 натпревари, а победија на девет од нив, одиграа шест нерешени средби и запишаа еден пораз. Интересно е што се во серија од шест победи во низа во сите натпреварувања со импресивна гол разлика 20:3.

Валенсија

„Шлагот“ го оставивме за крај – Валенсија! Овој шпански клуб игра најдобро во својата историја, а нивната историја во никој случај не може да се каже дека е сиромашна. Екипата од „Местаља“ оваа сезона одигра вкупно 12 натпревари, 11 во Ла Лига и еден во шпанскот куп. Само три клуба успеаа да освојат бод против Валенсија и тоа Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Леванте. Валенсија во овој момент се наоѓа на второто место во шпанското првенство со 27 освоени бодови и четири помалку од лидерот Барселона, а во наредното коло ги очекува гостување кај тимот на Еспањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…