Дома Фудбал Лига на шампиони Овие клубови добиле најмногу пенали во Лигата на шампиони!

Овие клубови добиле најмногу пенали во Лигата на шампиони!

Пеналот досуден за Реал Мадрид во 93-та минута против Јувентус крена голема прашина, па реноминираниот портал „Goal.com“ направи интересно класирање.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, направи табела на клубовите кои добиле најмногу пенали во Лигата на шампиони, од сезоната 2003/04 па до сега.

Првото место го делат два клуба, Барселона и Баерн Минхен со 23 постигнати гола од 31 досуден пенал во нивна полза. Реал Мадрид е на третото место со еден пенал поналку – 22 постигнати гола од 30 пенали.

Потоа следуваат три англиски клуба – Арсенал (18 од 24), Челзи (16 од 20) и Манчестер Јунајтед (12 од 17).

Во Топ 10 се уште Порто (12 од 16), Јувентус и Манчестер Сити (11 од 14) и ЦСКА Москва (10 од 14).

Ливерпул, Милан, Атлетико Мадрид, Севиља и Рома исто така имаат по 10 постигнати гола од белата точка во споменатиот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Каде гледале судиите? „ Англија беше оштетена против Аргентина – ова беше 100% пенал“ (Видео)

Англија беше сериозно оштетена на полуфиналето на Светското првенство против Аргентина, по…