Tренерот на француски, ПСЖ, Унаи Емери, се наоѓа на слатки маки пред премиерниот настап оваа сезона во Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
ПСЖ сезоната во Лигата на шампионите ја отвара против Селтик на гостински терен, во натпревар кој се игра утре со почеток во 20:45 минути, а тренерот на Унаи Емери на овој натпревар ќе има можност да го изведе најсилниот состав.
Емери во текот на викендот ја испроба формацијата 4-2-3-1, Мец беше декласиран, но на тој натпревар прилика за одмор добија, Дани Алвеш, Маркињос, Тијаго Силва и Марко Верати.
ПСЖ сега со сите сили сака да тргне во напад на Лигата на шампионите која е приориет во новата сезона.
Наводно, Емери има една дилема пред натпреварот против Селтик, дали на голот да биде Ареола кој е прва опција во првенството или Кевин Трап.

L'équipe probable du #PSG face au Celtic. #CelticPSG (Le Parisien) pic.twitter.com/JEqXd6KFdW
— PSG Society (@PSGsociety) September 11, 2017