Дома Фудбал Ова ќе ги израдува сите навивачи во Европа: Ел Класико конечно во „нормален“ термин

Ова ќе ги израдува сите навивачи во Европа: Ел Класико конечно во „нормален“ термин

Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид на 6. мај на „Камп Ноу“ ќе играат во рамките на шпанската Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што сега стојат работите, доколку Барселона продолжи со добрите игри, името на шампионот на Шпанија ќе го дознаеме и пред дуелот на големите ривали на „Камп Ноу“. Тоа сигурно нема да биде во корист на „Кралевите“, кој ќе бидат принудени да им направат шпалир на Каталонците и да им честитаат за освоената титула.

Меѓутоа, на „Сантијаго Бернабеу“ и понатаму веруваат дека можат да ја одбранат титулата шампион на Шпанија, а сигурно дека не би имало нешто повозбудливо од тоа прашањето за титулата да се реши на Ел Класико. Од Ла Лига денеска го објавија и официјалниот термин на натпреварот.

На радост на сите навивачи на фудбалот во Европа, натпреварот конечно ќе се игра во „нормален“ термин од 20:45 часот. Претходните натпревари се играа од 12 часот поради навивачите во Азија, односно од пазарот и маркетингот на Далечниот Исток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата разочарана по испаѓањето на СП и разделбата: “Ме оставија сам”

Раното испаѓање на Уругвај од Светското првенство 2026 година веќе во групната фаза не сам…